(ВИДЕО) Јубилеен 10-ти по ред ракометен меморијлен турнир Миле Нешкоски

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Се е подготвено за јубилејното десетто издание  на меморијалниот ракометен турнир Миле Нешкоски.Екипите кои ќе настапат на турнирот се поделени во две групи а според квалитетот и оваа година се очекува пред се проверка на формата на играчите кај екипите и ракометно надигрување  на шестте тима , меѓу кои и српскиот ракометен великан Црвена Ѕвезда.Протоколот и агендата на турнирот навестуваат интересна и рамноправна битка која љубителите на ракометот ќе може да ја погледнат во салата од средното општинско училиште Ристе Ристески Ричко или пак на  livestream на каналот од клубот РК Прилеп.Во продолжение и целосната пресс конференција која се одржа денеска.

Најдобрите екипи од двете групи ќе играат за првото место , второпласираните ќе играат за трето место а третопласираните тимови ќе разигруваат за петтата позиција на турнирот.И оваа година организаторот се потруди се да оди по најавената агенда за турнирот , пред се со положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски кај универзалната сала , свечено отворање на турнирот а секако и доделување на нградите и свечено затворање на турнирот по одигрувањето на натпреварите кои стартуваат во четврток од 18часот.Организаторот годинава наградата за животно дело му ја доделува на некогашниот ракометар и тренер  Пеце Велјаноски – Стипе 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: