Храмот Св. Преображение утре ќе ги пречека верниците на Преображение Господово -празник за себепреобразба и преобразба на природата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утре, 19. август, православните христијани го слават празникот Преображение Христово – Преображение на Господ Бог.  Момент на преобразба на човекот во добрина и неговото поврзување кон духовното и Бога, и момент на преобразба на природата. Прилепскот храмот Св. Преображание ги очекува верниците рано наутро на црковна молитва. Црквата кани да се отворат дверите на човечките срце, за таму да се насели Бога и сите луѓе, „да подариме повеќе љубов, да се преобразиме не само себеси, туку со својот живот, со својот пример и сите околу нас.“ се вели на денот на Преображаение.

Се вели дека за среќа, токму на овој ден за прв пат во годината се бере грозје. Грозјето потоа се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува, кои по осветувањето се делат со блиските како симбол на здравје, бериќет и благослов. Се верува дека со осветеното грозје доаѓа духовна и материјална радост во домот. Освен грозјето, се верува и дека другите есенски плодови носат среќа, па така порано се осветувале и јаболката, сливите, крушите.

Празникот се вика Преображение затоа што, уште во раната зора на овој ден, почнуваат да се преобразуваат гората и водата, најавувајќи ја идната есен. Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата.

Во народот се вели дека на овој ден луѓето за последен пат во летото можат да се искапат во реките затоа што подоцна водата станува студена.

Уште едно верување вели дека на Преображение не е убаво преку ден да се спие, бидејќи кој тој ден поспие, ќе се преобрази, па цела година ќе биде мрзелив и поспан. Овој ден не е убаво ниту да се плаче, нуту да се помине цел ден во кафеана, за луѓето да не станат расипикуќи.

Порано, на овој ден постеле само жените, а сега спаѓа во празниците со строг пост. Се верува и дека, кога на болен ќе му се дадат лешници, тој ќе оздрави. Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и да работат некоја домашна работа, бидејќи се верувало дека Бог ќе ги преобрази да бидат вредни.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на Локалните избори со 11 кандидатски листи за советници, 297 кандидати и со 9 кандидати за градоначалници

Во Прилеп се поднесени 11 кандидатски листи за советници од кои три се од независнита, а останатите 8  од политички партии. Група избирачи- Борче Чупетрески Група избирачи Страшо Наумоски Група избирачи – Ванчо Спиркоски Коалиција за локални избори 2025 година – СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА-СДСМ Политичка партија Левица Македонска Ера...

Граната од  Првата светска на патот Прилеп-Битола

На 17.09.2025 во 15:00 часот во СВР Битола, О.П. пријави дека на патот Прилеп-Битола, под подвозникот кај с.Лознани, пронајдена е стара граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за граната од  Првата светска војна со калибар 105 мм.

(ВИДЕО) Екслузивно за Радио Пела : Нова ера во професионалниот бокс во земјава

Полека но сигурност се загрева атмосферата во пресрет на најголемиот профи настан во земјава .Simfonija Boxing Night , боксерски спектакл кој на едно место ќе го собери „кремот“ во регионалниот професионален бокс.27ми септември , сала Симфонија , Ново Лагово.Ексклузивно за нашиот медиум , дел од подготвителниот период за оние боксери...