Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на патниот правец Ресен- Битола, кај месноста викана Макази, во која загинал маж на 52 години од Битола.
Во незгодата се судриле две патнички моторни возила од кои едното со странски, другото со охридски регистарски таблички.
Од сударот, едното возило се опожарило.Во тек е увид на местото на настанаот, а патот од 13,20 часот е затворен за сообраќај.
Сообраќајот е пренасочен по спореден пат.