Заврши меморијалниот турнир во мал фудбил во Крушево „Сотир Мазар 2025„

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Крушево  заврши меморијалниот турнир во мал фудбил Сотир Мазар 2025 кој се одржа во спомен на Сотир Стојчески Мазар,  кој ненадејно почина во април оваа годинав,  на 31 годишна возраст.
Победник на турнирот беше екипата која го носеше дресот на омилениот тим на Сотир Мазар,  во исклучително интересен натпревар со Дени-Кар од Големо Коњари. За ферплеј е избрана екипата на најмладата – ФК Пластика,  за најдобар голман  на турнирот беше прогласен Благојче Спасески од екипата Јанески Транс, а најдобар стрелец на турнирот беше Ѓорѓи Стрезоски од шампионите. Организаторите доделија  и награда за млад талент, која му припадна  на Петар Ристески.
 
Во дуелот за трето место подобри беа Јанески Транс во дуел со Вила Тео с. Селце, а наградите беа доделени од страна на спонзорите, семејството и градоначалникот на општина Крушево.
 
Првото издание на Меморијалниот турнир доби многу позитивни коментари, а публиката во голем број ги следеше финалните натпревари и целиот турнир. На турнирот учествуваат 12 тима. 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: