Преместени просториите на Општинската изборна комисија (ОИК) Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Просториите на Општинската изборна комисија Прилеп се дислоцирани. Тие не се повеќе во старата општинска зграда.

Поради лошата состојба на зградата на т.н стара општинска зграда во Прилеп, руинирани и нефункционални простории, канцелариите на Општинската изборна комисија во Прилеп (ОИК) во пресрет на претстојните локални избори деновиве се преместени на нова локација.

Општинската изборна комисија Прилеп доби нови простории во ЦК „Марко Цепенков“, каде ќе се одвиваат активностите поврзани со Локалните избори 2025 година. Ова информација за Радио Пела ја потврди и претседател на ОИК Прилеп, Валентин Божиноски.

Се очекува просториите на ОИК да бидат значително посетувани од страна на граѓаните, особено по најавата на ДИК за намалување на прагот за учество на претстојните локални избори во октомври, каде независните кандидати можат со собирање на два потписи можат да учествуваа како кандидати за градоначалници или советници на локалните избори.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: