Изложба и промоција на уметничка книга на Александра Ацеска

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Синоќа во просторот на ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата насловена „Пловидба“ на уметницата Александра Ацеска од Прилеп, која последниве неколку години живее во Кина.

Станува збор за претставување на еден необичен концепт на ликовни дела работени во старата кинеска техника суминагаши, но и за уметничка книга која ги обединува зборовниот и визуелниот израз.

 Претставувањето на делата беше реалзирано низ разговор меѓу уметницата Ацеска, уредникот и издавачот на уметничката книга Иван Ивановски и модераторот и промотор Филип Димкоски. Воведниот збор на настанот го имаше Александар Еленин кој е автор на едукативно-промотивниот серијал на настанив во Центарот за култура обединети под насловот „Процеп во процес“.

Според Ацеска, нејзиниот проект „Пловење“ го истражува патот на животот преку водата.

– „Пловење“ ја следи филозофијата дека животот, како водата, е постојана промена, ги поврзува источните традиции и современата уметност. Тоа е потсетник дека отпорноста, радоста и рамнотежата не се дестинации – туку текови низ кои учиме да пловиме – вели Ацеска.

Александра Ацеска е ликовна уметница од Македонија, која последниве неколку години живее, работи и создава во Кина. Родена е во Прилеп, во 1994 година, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2017 година, а од 2018 година живее во Кина, каде што работи како професорка по ликовна уметност. Добитничка е на наградата „Борко Лазески“ на ФЛУ и двапати е наградена на саемот на современата уметност и дизајн „Паратисима“

 

Текст: Филип Димкоски

фото: Кире Костадиноски

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...