ОО на СДСМ – Прилеп смета дека искажаните ставови на прес од владеачката партија се клевета за нивниот кандидат за градоначалник

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Масовна поддршка на прилепчани за кандидатурата на Петра Лукароска, клеветниците од ДПМНЕ работат во корист на сопствената штета“, рече Александар Китаноски на денешната прес конференција,додавајќи:

„Вашата вчерашна клеветничка прес-конференција го потврди она коешто се’ поголем број наши сограѓани секојдневно го потврдуваат: дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има одлична кандидатка за градоначалник на општина Прилеп! Петра Лукароска е личност без ниту една дамка во својата професионална и партиска кариера, исто како и во нејзиниот ангажман како граѓански активист и во приватниот живот. Во 30-те месеци колку што беше директор на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, дотогаш запуштеното училиште доживеа вистински препород. Прв пат во неговото 60-годишно постоење, со проект вреден 220 илјади евра училиштето, во буквална смисла на зборот, беше реконструирано од темел до покрив. Впрочем, фотографиите направени пред и после неговата реконструкција, го потврдуваат кажаното. Во секој свој настап, во секое обраќање до јавноста, до прилепчани, Петра Лукароска зборува за вредности. За визија и идеи, за поубав и побезбеден град. За достоинствен живот во населените места. За подобро образование, за град со развиена економија, спорт и култура. За Прилеп во кој младите гледаат иднина и го градат својот дом. Граѓаните на општина Прилеп го препознаваат искрениот и чесен пристап на Петра Лукароска, и токму поради тоа отворената поддршка која и’ ја даваат на нашата кандидатка за градоначалник континуирано се зголемува. Вие тоа добро го знаете и затоа сте исплашени. И со право сте исплашени! Наспроти сето ова се наоѓате вие – челниците на прилепскиот комитет на ДПМНЕ. Раскарани и поделени, лицемерни и полни со злоба, опседнати од желбата за власт и фрустрирани од сознанието дека на два месеца пред изборите, немате кандидат за градоначалник! Вие господа од ДПМНЕ и вашиот актуелен градоначалник, за 4 години го уништивте Прилеп, го запревте животот во градот. Сопствената неспособност неуспешно се обидувате да ја покриете со гнасни клевети и девалвирање личности и институции. Во таа насока се и вашите рециклирани обвинувања против Лукароска, кои веќе беа предмет на кривична постапка пред Основното јавно обвинителство. За да ја освежиме вашата меморија и да го разобличиме вашето перфидно сценарио, приложуваме документ во кој јасно и недвосмислено пишува дека ПОСЛЕ ИЗВРШЕНИОТ ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ НА 18.06.2024 ГОДИНА ОД СТРАНА НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД ПРИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА , НЕ БИЛЕ УТВРДЕНИ НИКАКВИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА УЧИЛИШТЕТО. Врз основа на овие наоди, пријавата и официјално беше отфрлена како неоснована. Ете ова е вистината која вам, господа од ДПМНЕ, не ви одговара и која не сакате да ја знаете. И за крај: Нашата кандидатка за градоначалник, Петра Лукароска, ќе продолжи да зборува за вредности и да ја промовира својата визија за Прилеп. Со надеж дека до денот на изборите можеби и вие ќе најдете кандидат за градоначалник, ве охрабруваме да продолжите со вашата црна и манипулативна антикампања. Со напомена, дека за секоја следна лага и клевета ќе следува соодветна пријава до јавното обвинителство.- истакна тој

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...