Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Општина Прилеп, формиран со Одлука на Советот на Општина Прилеп го одржа својот прв состанок во новиот состав, на кои беа разгледани можности за спроведување пилот проект за воведување на „Зона 30“ во ТИПС-населбата, со цел намалување на сообраќајната брзина и зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Главна тема на состанокот беше и поставувањето на технички средства за забавување на сообраќајот, т.н „легнати полицајци“ со цел зголемување на безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот. Врз основа на пристигнатите реакции од граѓаните за време на јавната консултација објавена на 25.07.2025 година, Советот разгледа и усвои приоритетни предлози за реализација.
Нови локации за поставување легнати полицајци:
Ул. „Мечкин Камен” – кај училиштето
Ул. „Ѓорѓи Димитров” – кај паркот кај Цуцуло
Ул. „Партизанска” – две локации
Ул. „Димо Наредникот” / „Архиепископ Доситеј”
Ул. „Кеј 9-ти Септември” – кај зградите, кон Чопано
ООУ „Кире Гаврилоски” – кај пешачкиот мост
Ул. „Вера Циривири” – над продавницата, кон подвожњакот
Ул. „Јоска Јорданоски” / „Победа”
Крстосница „Егејска” / „Кузман Јосифоски” – кај огледалата
Ул. „Прилепски Бранители” – кај факултетот и над „Партизанска”
Ул. „Карпалак” – кај Жито Прилеп (вибро лента и перничиња)
Ул. „Мице Козар” / „Пиринска” – кај турското училиште
Ул. „Орде Чопела” – кај брашнарницата
Ул. „11-ти Октомври” – кај градинката
Ул. „Бранко Секулоски” – кај градинката
Ул. „Лазо Филипоски” – кај паркчето
Ул. „Поп Аврамија” – кај млекара Мики
“
Предлозите кои не се прифатени, се веќе опфатени со постојни сообраќајни решенија или се во фаза на реализација преку други проекти.Покрај наведените локации, Општина Прилеп во соработка со Министерството за транспорт и врски спроведува проект за поставување технички средства за забавување на сообраќајот на дополнителни 31 локација.“,пишува на ФБ странта на општина Прилеп
Дополнително, беше разговарано за организирање обуки во основните училишта, кои ќе ги реализира Сообраќајното одделение при ОВР Прилеп. кои ќе бидат насочени кон безбедно движење на велосипедистите и корисниците на електрични тротинети по постојните коловози.
Советот исто така ја разгледа и можноста за повторно воспоставување на натпреварот „Семафор“, како дел од активностите за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот, особено кај младите.
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот ги повикува граѓаните и понатаму активно да учествуваат во процесите за унапредување на сообраќајната безбедност.
затоа што предлози и забелешки значајно ќе овоможат подобрување на состојбите за побезбеден сообраќај, поголема одговорност и поздрава животна средина!