Викендов се одржа „Поетско Маркукуле“ во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Викендов во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, а во организација на Клубот на литературните творци-Прилеп,  се одржа традиционалната поетска манифестација „Поетско Маркукуле“ која последниве години го носи и предзнакот меѓународна. На настанот присуствуваа голем број литературни творци од Македонија и од регионот, а беше промовиран и годинешниот зборник со вкупно двесте застапени автори. Во предговорот кон зборникот, поетот Филип Димкоски ја истакнува важноста на оваа манифестација за Прилеп и нејзиниот развој.

      Поетско Маркукуле со својот растеж низ годините, доживуваше разновидни промени во однос на концепцијата, содржината и местото на одржување, но секако останува скапоцен дар за Прилеп и за сите оние кои што по повод одржувањето на оваа меѓународна манифестација доаѓаат во градот под Марковите кули носејќи во дланките, некој песок, некој камче, некој карпа за да ја утврдат кулата, да го зацврстат поетското кале, подарено и завештано за градот од уметникот на звукот и на зборот Љубен Димкароски Димкар-пишува Филип Димкоски во предговорот на зборникот.

Со стиховите од многубројните учесници, водени низ програмата од познатата радио-водителка Цветанка Григорова, која уште од првото издание е водител на манифестацијата и нејзин поддржувач.

Според претседателката на Клубот на литератуните творци-Прилеп, Андриана Ристеска, „Поетско Маркукуле“  претставува благороден и успешен начин на градење пријателство преку литературата и градење на културни мостови меѓу народите.

Чест е да се биде организатор и домаќин на една ваква манифестација која е најголема од овој вид, во нашата држава. Од година во година се зголемува и се одржува на завидно ниво бројот на застапени автори во Зборникот кој се печати по  објавениот конкурс-истакна Ристеска.

Некои автори  првпат годинава учествуваа на оваа манифестација, а некои се редовни учесници. Една од годинешните учеснички беше и авторката Лилјана Ел Арејси од Скопје.

– Лично јас сум многу задоволна и од својот настап и од организацијата на целата манифестација, но и од убавината на голем дел од песните-рече Лилјана Ел Арејси.

Гостите од другите градови и држави имаа и можност да го разгледаат Прилеп, да се запознаат со дел од културно-историските обележја на градот, а го посетија и местото каде првпат е одржана оваа манифестација  на 11 август 2007 година на карпата Трон, над карпата Слон во подножјето на Марковите кули со вкупно 25 учесници во органзиација КМД „Пела“ од Љубљана.

 

Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОК на ВМРО ДПМНЕ на пресс со ставови за кандидатот за градоначалник на СДСМ

Како што се доближува рокот за одржување на локалните изобри, така расте и бројот на прес конференции на политчките партии и меѓусебните обвинувања. Денеска,Христијан Тунески од  ОК на ВМРО ДПМНЕ одржа прес конференција насочена кон кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Петра Лукароска

Бесплатни униформи за сите основци и ранци за сите првачиња во Општина Прилеп

Учениците во сите општински основни училишта на територија на Општина Приле, учебната 2025-2026 година ќе ја започнат со нови училишни униформи , а сите запишани првачиња ќе добијат и ранчиња со училишен прибор. Приближно 6000 ученици во 10 основни училишта во Прилеп ќе добијат нови училишни униформи. Со овој чекор...

ФК ПОБЕДА СО НОВИ АКЦИОНЕРИ И НЕЗАВИДНА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА

Нов извршен директор на ФК Победа е Филип Илиоски (претходно повеќе години, а и сега генерален секретар), а нов мнозински акционер, или сопственик на клубот, со 70% од акциите е Владимир Мирчески (досега познат како генерален секретар, претходните три месеци). Останатите 30% од акциите ги поседуваат Гоце Инглизов 20% и...