СЕ ПРАВИ НОВО СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ – ОТКАКО Е ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ПЕТ ЛИЦА ЗАГИНАА НА НОВИОТ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ГРАДСКО – ПРИЛЕП

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Само два месеца по пуштањето во употреба, новиот експресен пат Прилеп–Градско доби ознака „црна точка“. Д елницата кај исклучувањето кон автопатот за Скопје од правецот на Прилеп досега одзеде пет животи, а едно дете тешко се повреди. Последната несреќа се случи на 6 август, кога две лица од Делчево загинаа откако автомобилот со кој патувале излетал на остриот свиок.

Директорот на Јавното претпријатие Државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски објави дека пред 20 дена дал налог за ново сообраќајно решение . Тоа би значело поставување на  повеќе сообраќајни знаци, со што ќе се предупредуваат возачите дека треба да ја намалат брзината пред исклучувањето.  „Свиокот е голем , а пред исклучувањето се вози со над 100 километри на час, а нема соодветна сигнализација за предупредување на опасноста“ ,велат возачите.

Трајановски  размислувал и за нов градежен проект за овој дел, односно изградба на  мостови за исклучувањето со што ќе се отстрани „црната точка„ на овој експресен пат.

Инаку, експресниот пат Прилеп–Градско беше пуштен во употреба на 30 јуни годинава, по изградба што траеше од 2016 година и чини 44,7 милиони евра, финансирани од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: