На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не во целост, ќе се полагаат на 12 и на 14 август.

Во вторник (12 август) ќе биде тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а два дена подоцна (14 август) е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за двата испитни дена вкупно се пријавени 1118 ученици. Од нив, 352 ќе полагаат македонски јазик, 225 – албански јазик, девет – турски јазик.  Англиски ќе полагаат 779, еден ученик ќе полага француски јазик, двајца – германски јазик, 27 – математика и еден матурант е пријавен да го полага испитот по естетика.

Според видот на образование, од гиманзиско ќе полагаат 265 ученици, средно стручно – 835 и 18 од средно уметничко образование. Испитите во августовскиот рок кандидатите ќе ги полагаат во простории на факултетите.

МОН и ДИЦ пред пет дена ги соопштија резултатите од спроведената државна матура во јуни кои се подобри од минатата учебна година.  Посечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита во јунската сесија е 3.69 и е повисок од минатата година кога средната оценка беше 3.26. Поголем успех е забележан кај мајчините јазици и кај други предмети, а особено по математика за кој средната оценка е 4.14.

Пријавени за полагање во јунскиот рок беа 15 004 ученици. Поради обиди за препишување, употреба на електронски уреди и други неправилности, поништени биле тестовите на 172 ученици.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ФК ПОБЕДА СО НОВИ АКЦИОНЕРИ И НЕЗАВИДНА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА

Нов извршен директор на ФК Победа е Филип Илиоски (претходно повеќе години, а и сега генерален секретар), а нов мнозински акционер, или сопственик на клубот, со 70% од акциите е Владимир Мирчески (досега познат како генерален секретар, претходните три месеци). Останатите 30% од акциите ги поседуваат Гоце Инглизов 20% и...

Каде ќе има нови “легнати полицијаци“ низ прилепските сообраќајници ?!

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Општина Прилеп, формиран со Одлука на Советот на Општина Прилеп го одржа својот прв состанок во новиот состав,  на кои  беа разгледани можности за спроведување пилот проект за воведување на „Зона 30“ во ТИПС-населбата, со цел намалување на сообраќајната брзина и...

Викендов се одржа „Поетско Маркукуле“ во Прилеп

Викендов во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, а во организација на Клубот на литературните творци-Прилеп,  се одржа традиционалната поетска манифестација „Поетско Маркукуле“ која последниве години го носи и предзнакот меѓународна. На настанот присуствуваа голем број литературни творци од Македонија и од регионот, а беше промовиран и годинешниот...