Започнаа да течат роковите за локалните избори 2025

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Државната изборна комисија (ДИК) на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025, откако претходно нив ги распиша претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2 ноември, во единиците на локалната самоуправа во кои изборите нема да завршат во првиот круг.

Изборната кампања за првиот круг почнува на 29 септември во 00.00 часот и трае непрекинато до 17 октомври до 24 часот. За вториот круг изборната кампања трае до 31 октомври до 24 часот.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ги соопшти обврските според Роковникот/Календарот кои, како што рече, ќе бидат објавени како посебни/поединечни изборни дејствија.

Тој соопшти дека од денот на распишување на изборите, односно од денеска, ДИК ќе достави писмено барање до Министерството за внатрешни работи за ажурирање на Избирачкиот список и за 48 часа МВР ќе треба да достави податоци.

Од 23 август до 11 септември до 00.00 часот Избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК (кои ќе работат во две смени) каде што граѓаните ќе може да ги проверат своите податоци. Избирачкиот список ќе биде заклучен најдоцна 15 дена по завршување на јавниот увид односно 26 септември.

До 13 септември до 24 часот е рокот до кога ќе може да се поднесуваат листите на кандидати на учесници на изборите до општинските изборни комисии. Жрепката за редни броеви на гласачко ливче ДИК ќе ја организира најдоцна до 25 септември. Најдоцна до 16 октомври, односно три дена пред изборите, сите подносители на листи со потврдени кандидати имаат право да достават предлози за овластени претставници односно набљудувачи на изборите до изборните органи – до ОИК и за набљудување на денот на гласање за избирачките одбори.

Најдоцна до 27 септември ќе се потпише Кодексот за фер и демократски избори.

Медиумите имаат право да извршат регистрација најдоцна три дена од распишувањето на изборите, односно до 12 август до 24 часот. Регистрацијата на медиуми може да се направи на посебен службен мејл на ДИК објавен на веб-страницата или непосредно во архивата на Државната изборна комисија. Најдоцна до 14 август до 24 часот медиумите треба да ги достават ценовниците.

Резултатите од испитувањето на јавното мислење (анкетите) може да бидат јавно објавувани најдоцна до 13 октомври до 24 часот, а за вториот круг до 27 октомври на полноќ.

Најдоцна до 18 септември ДИК ќе ги објави во Службен весник описите на сите избирачки места за гласање во Република Северна Македонија, додека општинските изборни комисии нив треба да ги објават во општините на видни места најдоцна до 3 октомври.

Акредитации за домашни и странски набљудувачи, невладини организации и владини институции може да се достават до ДИК од денеска заклучно со 9 октомври односно десет дена пред одржување на изборите.

Немоќните и болните лица до 10 октомври можат со известуавање преку полномошник да се пријават до ОИК за гласање во домашни услови, а до 14 октомври е рокот до кога треба да се пријават лицата што се во куќен притвор. Немоќните лица, оние во старечки домови, во КПД и во куќен пртивор ќе гласаат еден ден пред изборите, односно на 18 октомври.

Најдоцна три дена пред гласањето, ДИК ќе го достави сиот доверлив и недоверлив материјал до сите 80 општински изборни комисии и до избрната комисија на Град Скопје. Ден пред гласањето, општинските изборни комисии се должни да го достават изборниот материјал до секое избирачко место.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...