Спас за Прилеп повикува на протест против отворање рудник во Леково

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Спас за Прилеп“ граѓанската иницијатива на ден 11.08.25 (понеделник) организира масовен ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ против отворање на рудник за мермер во месноста Леково! Според соопштението, собирно место е на раскрсницата пред рудникот Сивец во 7.30 ч. наутро.

„Се покануваат прилепчани на што помасовно присуство за сите гласно да им кажиме дека сме против уништување на животната средина за туѓи интереси. – Да покажиме дека сме сеуште живи и свесни за каква опасност се работи!!! – Да им покажиме дека не сме полумртви суштества кои не ги интересираат прашања со кои ДИРЕКТНО Е ЗАГРОЗЕН НАШИОТ ЖИВОТ!!! – Да им покажиме дека без согласност од народот НИКОЈ НЕ МОЖЕ да носи опасни по живот решенија!!! За нашите деца, за нашите внуци, за Прилеп, за Македонија, за НАШАТА ИДНИНА!!! – Спас за Прилеп е само МАСОВНА ИЗЛЕЗЕНОСТ!!! Ти решаваш како ќе биде!!!“, стои во соопштението од неформалната група „Спас за Прилеп. 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) ФК Победа е на народот а не за лични интереси

Фудбалскиот клуб Победа е во можеби најнеизвесната ситуација досега а за многу кратко време стартуваат натпреварите во втората македонска фудбалска лига.За да не дојде , македонскиот фудбалски бренд во шах мат позиција , оние кои го презедеоа клубот , едноставно сакаат оваа генерација на фудбалери кои се во Победа да...

ОО на СДСМ – Прилеп смета дека искажаните ставови на прес од владеачката партија се клевета за нивниот кандидат за градоначалник

„Масовна поддршка на прилепчани за кандидатурата на Петра Лукароска, клеветниците од ДПМНЕ работат во корист на сопствената штета“, рече Александар Китаноски на денешната прес конференција,додавајќи:

Изложба и промоција на книга „FLOW“ од прилепската уметница Александра Ацеска

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп на  14 август 2025 /четврток/ од 20.00 часот во Ликовната галерија ќе биде отворена изложба и промоција на книга „FLOW“ од прилепската уметница Александра Ацеска .  „Flow го истражува патот на животот преку водата. Проектот е составен од уметнички дела,...