Советниците на 65 тата седница дадоа „зелено светло“ за реализација на повеќе инфраструктурни проекти

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Советот на Општина Прилеп ја одржа 65та седница, на која беа поставени 20 точки на дневниот ред. Советниците го изгласаа Ребалансот на Буџетот за општина Прилеп, со што дадено е „зелено светло“ за новите инфраструктурни проекти за градежни зафати со поддршка на Владата: Реконструкција на дел од плоштад Методија Андонов-Ченто (пред хотел Скопје) и поставување на урбана опрема; Изградба на мост на ул. Победа над река Оревоечка; Реконструкција на ул. Орде Чопела – влез на градот од Македонски Брод;  Комплетна реконструкција, вклучително со електротехника, на улицата Трајко Николоски;  Изградба на ново детско игралиште во центарот на градот (позади Участакот);  Изградба на ново детско игралиште на улицата Борка Спиркоски во населбата Типски; Изградба на водоснабдителен систем во село Лениште;  Реконструкција на главен потисен цевковод за водоснабдување на Индустриската зона и комплексот на Манастирот Св. Димитрија во село Селце; Изградба на фотонапонска централа која се поставува на објекти (на Пречистителната станица); Интеграција на дистрибуирани локации од водоснабдителен систем на град Прилеп во постоечки SCADA систем и интеграција со ГИС систем; Проект за промена на водоводна мрежа од јазол на Бул. “Гоце Делчев” со улица “Кузман Јосифоски” (бр. 1-55) до јазол на улица “Кузман Јосифоски” со ул. “Ленин” (бр. 1-72) – фаза Хидротехника; Реконструкција на фасада на ООУ Рампо Левката; Поставување на 21 полуподземни контејнери и  реконструкција на систем за мониторинг и управување на ПСОВ во Прилеп.
Со мнозинство гласови беа усвоени Предлог-Измена и дополнување на Буџет на Општина Прилеп за 2025 година, планот за измена и дополнување на планoт на развојни програми на Општина Прилеп за 2025-2027 година и предлог-кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2025 година до 30.06.2025 година.
Советниците дадоа согласност за предавање на трајно користење на 8 прочистувачи на воздух на основните и средните општински училишта и градинките во општина Прилеп и согласност за преместување на спомен обележје во Прилеп.
Советниците го разгледаа и усвоија извештајот за превземените мерки и активност за првото полугодие од 2025 година, за подрачјето на ОВР Прилеп.
На седницата беа усвоени и годишните извештаи за работа на: ООУ „Страшо Пинџур“- с.Мало Коњари, Прилеп, за учебната 2024/2025 година и годишната Програма за работа за учебната 2025/2026, годишниот извештај за работа на ООУ „Круме Волнароски“- с.Тополчани, Прилеп за учебната 2024/2025 година, како и годишната програма за работа на ООУ „Круме Волнароски“-с. Тополчани, Прилеп, за учебната 2025/2026 година.
– На Седницата беа разгледани и усвоени предлог програмата за измена и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп за 2025 и предлог-локалниот план за енергија и клима на Општина Прилеп за период 2023-2027 и збирниот извештај за проценетата штета во населените места Кадино село, Мало Коњари, Големо Коњари, Галичани и Алинци во oпштина Прилеп, од невремето на ден 27.06.2025 година.
– Позитивно мислење советниците дадоа и по решението за предлог-член во УО во ЈУМЦСР Прилеп, за кофинансирање на проектот за ‘’Уредување на сала за музички проби за млади таленти’’ и за Програмата, насловена „За младите се работи: време е за структурна поддршка на нивната иднина“.
– Советниците ја усвоија и одлуката за бесплатен градски превоз на 18 септември 2025 година (четврток) во рамки на одбележувањето на неделата на урбана мобилност, за уредување на општински линиски превоз за подрачјето на Општина Прилеп и согласност за определување на тарифа за општински линиски превоз за подрачјето на Општина Прилеп.
– Поради лошата состојба во моментов во ФК Победа, пред почетокот на Седницата, беше доставено и барање од ФК Победа АД – Прилеп, за финансиска поддршка од Општината за понатамошно функционирање на клубот за непречено натпреварување и функционирање на младинските школи. Поради итноста, барањето беше разгледано од Комисијата за финансирање и Буџет и беше донесена одлука за дополнителни 1.000.000 денари поддршка кон ФК Победа.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: