Прилепчанка остана и без пари и без виза, посредникот ја измамил

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепчанка остана без пари и без ветената виза, од како човекот кој што и’ ветувал дека посредува прекинал да комуницира со неа.

На 04.08.2025 во ОВР Прилеп, 26-годишна жена од Прилеп пријавила дека во периодот од 24.03.2025 до 24.07.2025 била измамена од едно лице за сума од 30.500 денари. Според пријавеното, лицето кое се претставило дека е од Тетово ја довело во заблуда дека ќе ѝ посредува за работна виза, а откако таа во повеќе наврати му ги уплатила парите, по што тој ја блокирал и прекинал комуникација со неа. Се работи на расчистување на настанот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Затворен за сообраќај експресниот пат Прилеп-Градско

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваат преку автопатот Велес-Градско, информира АМСМ. Патот е затворен од 15:30 часот. Причините за затворањето засега не се соопштени. Возачите се повикуваат на внимателност, почитување на поставената сигнализација и користење на алтернативната рута сè додека патот не биде повторно отворен.

Бесплатен скрининг за детектирање на хепатитис и болести на црн дроб во Прилеп

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Прилеп вчера се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје. Настанот беше дел од националната кампања и се реализираше во координација со Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, со поддршка...

(ВИДЕО) Нема да се увезува тутун од странство додека трае откупот

Нема да се увезува тутун додека трае откупот. Ова е една од измените во Законот за тутун која помина во Собрание и веќе од 29 јули стапи на сила. Од сојузот на тутунски здруженија се задоволни од законските измени и сметаат дека вака се штити домашното производство. Покрај оваа законска...