Во петок – Вечер на унгарски танци и песни во Прилеп (ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во петок на 8 август 2025 , од 19.30 часот, на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се
одржи Вечер на унгарски танци и песни, на која ќе настапат фолклорниот ансамбл
Ризгетош и оркестарот Фокош. Концертот, кој е повеќегодишна традиција, е дел од
пограмата на Центарот, од меѓународна соработка, а се реализира заедно со
Здружението на Унгарците Теледом- Македонија, Амбсадата на Унгарија во земјава
и Министеството за надворешни работи на Унгарија.

Народниот оркестар од Kishegyes – Rizgetős основан е пред 30 години. Членовите на
друштвото се млади, заинтересирани за зачувување на унгарските народни обичаи,
култура и народни танци. Во изминатите 30 години со Друштвото работеле најголемите
познавачи од Унгарија, благодарејќи на што Друштвото е во постојан развој. Покрај
автентичните народни танци, се занимава и со танцовен театаr. Големо внимание
посветуваат на постојан развој и зачленување на нови млaди членови…

Народниот оркестар Фокош (Fokos) е формиран во 2010-та во Бечеј- Бојводина.Во 2012-та година на фестивалот за млади талени “Fölszállott a páva” организиран од
Унгарската национална телевизија – “DunaTV” Телевизија стасаа до полуфиналето,
благодарејќи на што од градот Бечеј се одликувани за ширење на добриот глас за градот.
На овој натпревар ја освоиле и посебната награда за најавтентичеn оркестар, за што добиле
50 часовно наградно студиско снимање во Будимпешта со снимање авторско ЦД….

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Помош за опстанок на Победа со дополнителни еден милион денари од oпштинскиот Буџет

Поради лошата финасиска  состојба  на ФК Победа, пред почетокот на 65 -та Седницата на Советот  на Општина Прилеп ( одржана на 7,четврток.август 2025) , преставници од клубот доставија  барање  до советниците за итна финансиска поддршка која се бараше од Буџетото на Општината. Во барањето е потенцирана не можноста за понатамошно...

Прилеп вечерва ќе биде град на поезијата – по 18 пат ќе се одржи ,,Поетско Маркукуле 2025,,,

Клубот на литературни творци Прилеп вечерва ја организира манифестацијата ,,Поетско Маркукуле 2025,,,  на која ќе настапат  над 100-тина  поети од градот и од земјава. Манифестацијата почнува во 18 часот, на летната сцена на центарот за култура „Марко Цепенков„ Оваа година на конкурсот, објавен во мај,  е пријавија околу 200 поети...

Тешка кражба во Македонски железници – 4 лица нанеле штета од над 10 милиони денари  

Кривична пријава против четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Ресен и И.Б.(19) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“...