Нови цени на горивата од полноќ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад соопшти дека од ноќеска на полноќ (5 август 2025 година) стапуваат во сила нови малопродажни цени на нафтените деривати. Цените на бензините се зголемуваат, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1 денар и ќе изнесува 75,00 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поскапува за 1 денар, новата цена е 77,00 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поевтинува за 1 денар, со што новата цена ќе биде 69,50 денари за литар.

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,945 (денари/килограм).

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: