Kнигата „Од дијалог до политика: дизајн на градови што слушаат и одговараат“ од авторката Климентина Ѓорѓиоска, прилепчанка, политиколог, граѓанска активистка, неодамна беше промовирана во Градската библиотека Борка Талески Прилеп. Преку истражувања спроведени во Њу Орлеанс, САД, авторката Ѓорѓиоска понуди модели за одговорно локално владеење во Македонија, односно како што таа рече во гостувањето во Радио Пела, во својот роден град Прилеп.
Идејата на делото „Од дијалог до политика: дизајн на градови што слушаат и одговараат“е тоа да претставува мост меѓу теоријата и практиката, уште повеќе во актуелниот предизборен период кога политичките актери треба да ги прилагодуваат своите програми кон граѓаните, нивните потреби и нивните согледувања за поквалитетен живот во заедницата.