Од 3 до 6 август патот – обиколница кај Прилеп ќе биде целосно затворен за сообраќај

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Дел од патот Градско – Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 до 6 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

– Поради изведување градежни активности на вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколницата на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсницата кај бензинската станица „Лукоил“ до клучката кај бензинската станица „Салида“, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, недела, од седум часот до 6 август, среда – соопшти компанијата.

Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Испитниот сообраќаен центар продолжува со работа

Испитниот центар за возачки испити во Битола и околните општини во понеделник (22.09.2025) ќе продолжи со работа. Во соопштението објавено на веб сајтот на „Супер возач“ ДООЕЛ Битола стои следното соопштение: -АМИЦ Супер Возач Битола од 22.09.2025 (Понеделник), започнува со спроведување на претходно одложените возачки испити. Кандидатите чии испити беа...

Прилеп на Локалните избори со 11 кандидатски листи за советници, 297 кандидати и со 9 кандидати за градоначалници

Во Прилеп се поднесени 11 кандидатски листи за советници од кои три се од независнита, а останатите 8  од политички партии. Група избирачи- Борче Чупетрески Група избирачи Страшо Наумоски Група избирачи – Ванчо Спиркоски Коалиција за локални избори 2025 година – СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА-СДСМ Политичка партија Левица Македонска Ера...

Граната од  Првата светска на патот Прилеп-Битола

На 17.09.2025 во 15:00 часот во СВР Битола, О.П. пријави дека на патот Прилеп-Битола, под подвозникот кај с.Лознани, пронајдена е стара граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за граната од  Првата светска војна со калибар 105 мм.