Денеска активни се седум пожари во Македонија, три се под контрол, но сеуште е критично во прилепско Бешиште.
Кај селото Бешиште, во местото викано Бешишки Рид, пожарот се шири кон селото Градешница (општина Новаци) и кон границата со Република Грција. Но, противпожарните екипи се во неможност да интервенираат поради страв од детонации, од гранати или бомби од Првата Светска Војна, кои ги има на ова подрачје.
Во прилепско активен пожар има и меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен