В петок „Звуците на градот“ – вечер на староградска музика

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика ќе се одржи на 25 јули 2025 /петок/ од 20.30 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“.

Вечер на староградска музика, во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи на платото пред Цепенков. мманифестацијата „Звуците на градот“, веќе неколку години предизвикува голем интерес кај прилепчани, особено што таа,во овие летни горештини, е организирана на отворена сцена.
Во вечер на староградска музика „Звуците на градот“ ќе се претстават групите кои ја негуваат староградската музика. Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат Женската пејачка група „Преродба“, пејачката група „ Орхидеја“, КУД „Пере Тошев“, Октет Прилеп и КУД„Пензионер“.

Ова ќе биде уште една убава музичка вечер, што традиционално ја организиара ЦК „Марко Цепенков“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...