Заврши Пивофест 2025-Тајзи: Вечерва е доказ дека Македонците си ги сакаат македонските артисти!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Настапот на Тајзи вечерва, на  третата и последна вечер на Пиво фестивалот во Прилеп,  навистина беше сведочење дека покрај сите тешки услови, македонските артисти не само што создаваат одлична современа музика, туку и беспрекорно владеат со сцената, срдечно се однесуваат со обожавателите и имаат респект кон своите колеги.

Буквално, како јагода на шлагот Тајзи значително ја подигна атмосферата пред публиката која беше побројна за разлика од претходните две фестивалски вечери. Тој настапи по успешните претставувања на Екстра бенд и Модерато бенд, пренесе силна емоција, испрати пораки за обединување на македонскиот народ, за чување на идентитетот, почитување на домашната музичка сцена, но не заборави со повик за ѕвездено небо да им одаде почит на настраданите во несреќата во Кочани, да ги испее безвременските хитови на Тоше Проески, Влатко Стефановски… Сета негова посветеност  и искреност публиката ја награди со постојано играње и пеење, а многумина успеаја да се фотографираат со нивниот омилен изведувач.

По него  пред веќе расположента публика, настапи познатиот српски пејач Никола Роквиќ во чии песни уживаа повеќе генерации со оглед на тоа што освен свои песни, испеа и добро познати хитови од неговиот татко Маринко Роквиќ, од Тома Здравковиќ и од неколку негови колеги, но со „Несаница“ оддаде почит и на Тоше Проески. Публиката не дозволуваше да си замине па тој пееше без престан повеќе од два часа, иако при крајот настана проблем со озвучувањето кој набрзо беше решен.

Годинешното издание на Пиво фестивалот иако со организациски пропусти, сепак дава надеж дека ќе се врати стариот сјај на оваа популарна и важна манифестација за Прилеп, а реакциите на посетителите покажуваат дека на градот му е потребно вакво случување.

 

Филип Димкоски

фото: Никола Димески

 

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Шведска донација во Прилепската болница-ехо апарат за прегледи кај доенчињата

Уште една донација за прилепската болница – апарат за ехо прегледи за рано откривање на развојно пореметување на детски колкови кај доенчињата. Опремата само за неколку денови е договорена и подготвена за работа со Хуманитарната организација Ханд тил Ханд од Шведска, чија што претседателка е Марија Розенгрин, Македонка со прилепско...

В петок „Звуците на градот“ – вечер на староградска музика

„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика ќе се одржи на 25 јули 2025 /петок/ од 20.30 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“. Вечер на староградска музика, во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи на платото пред Цепенков. мманифестацијата „Звуците на градот“, веќе неколку години предизвикува...

Прилепската болница се екипира – вработува лекари, медицински лица и останат персонал

Од утре започнува конкурсот за врботување на 124 медицински лица и медицински парсонал во прилепската болница, лица кои неколку години беа ангажирани со договр на дело во оваа здравствена установа. Со оваа, прилепската болница ќе добие 21 лекар,  49 медицински сестри, а останатите вработувања, се за медицински персонал. Заедно со...