Денеска (20.07.) во 04.00 часот во Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.С. од Прилеп бидејќи истиот го нарушувал јавниот ред и мир. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок .
Во 03.00 часот во ОВР Прилеп Р.К.од Прилеп пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат во паркот до „Бизнис Центарот“ во Прилеп од страна на непознато машко лице, по што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување и на овој настанот.
Денеска (20.07.) во 01.30 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека во населбата „Точила“, Ж.Ц.од Прилеп и Б.Н. од село Мало Коњари,прилепско, го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Денеска (20.07.) во 04.00 часот, во ОВР Прилеп Н.Ј. од село Долнени, пријавил дека пред ноќен клуб во Прилеп бил физички нападнат од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.