Двајца прилепчани приведени – го нарушувале јавниот ред и мир

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Полициски службеници од ОВР денеска по полноќ лишиле од слобода двајца прилепчани, стои во дневниот билтен на СВР Битола:

Денеска(19.07.) во 03.00 часот, на Бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода О.И.(46) од Прилеп бидејќи истиот го нарушувал јавниот ред и мир. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок. Денеска (19.07.) во 01.10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп го лишиле од слобода Р.С.(40) од Прилеп бидејќи истиот го нарушувал јавниот ред и мир. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Следува екстремен топлотен бран, бидете внимателни

Под влијание на топол бран до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во Пелагонија максималните температури ќе се движат од...

Гори на Радобилски рид, во Македонија активни 6 пожари

Денеска до 14:00 часот Центарот за управување со кризи информира дека  се евидентирани вкупно 9 пожари на отворен простор, Во прилепско активен е пожарот на потегот помеѓу селата Царевиќ, Смолани и Радобил, на локацијата позната како Радобилски Рид. Таму пламените јазици проголтаа мешана шума и нискостеблеста вегетација, а теренот дополнително...

Дете пронајдено во безсознание во базен од дворот

На 20.07.2025 околу 20.30 часот во ПС Прилеп од страна на доктор од Општата болница “ Борка Талески” било пријавено дека кај нив било донесено едноипол годишно дете, кое според кажаното од неговите родители С.И. и Б.Т. од с.Заполжани, општина Долнени, го пронашле во базен во нивниот двор во безсознание....