На 18.07.2025 година во ОВР Прилеп било пријавено дека во селото Царевиќ, прилепско, околу 10.00 часот настанал пожар во близина на резервоарот за вода над селото при што од ветерот огнот се проширил и во селото и зафатил дрвени сандаци со пчелни семејства, а исто така целосно е изгорена и помошна просторија блиску до пчеларникот каде стоел алатот за работа, а сопственост на Г.Р.(41) од Прилеп. Огнот се проширил и зафатил плевна и една селска семејна куќа и пчеларник сопственост на З.К.(47) од Прилеп. Пожарот е локализиран од страна на ТППЕ Прилеп со учество на канадер од Дирекцијата за заштита и спасување. Повредени лица нема, причинета е материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.