Има ли полициско досие убиецот кој завчера ги уби таткото и синот Чупаркоски?!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за пукање со огнено оружје во кафеана но делото застарело, велат од ОВР Прилеп.

Од таму информираат дека против него постоела една кривична пријава од 2002 година за предизвикување општа опасност. Според сведоштва на граѓани, иако тој бил познат како конфликтно лице со проблематичен карактер, во полициските евиденции нема други поплаки или пријави поврзани со него.

„Против П.Ѓ. во евиденциите на ОВР Прилеп за изминатите години не постои пријава за кривично правен настан, дури ни поплака против него, освен една кривична пријава во 2002 година за предизвикување општа опасност каде истиот пукал со огнено оружје во кафеана, но делото е застарено“, велат од полицијата.

Оружјето со кое го извршил двојното убиство, според информациите од ОВР Прилеп, било стекнато по основ на наследство и сторителот поседувал дозвола за него. Дозволата му била издадена во 2012 година и продолжена во 2022 година.

Во трагичниот настан што се случи на улицата Стеван Апостолоски во Прилеп, животот го загубија Панчо Ч. (43) и неговиот син Милан Ч. (13). Според информациите на полицијата, Петар Ѓ. прво ги повикал жртвите во својот дом, каде ги застрелал поради, како што се претпоставува, семејни недоразбирања и нерасчистени имотно-правни односи. Потоа пукал и во полициските службеници и фрлил рачна бомба, по што извршил самоубиство.

Од увидот што го извршила полицијата во присуство на јавен обвинител, било утврдено дека во куќата се пронајдени чаури од огнено оружје, влезно-излезни траги од проектили, една рачна бомба М93 и два пиштоли со калибар 9 мм и 7,65 мм. Засега нема официјални информации за потеклото на бомбата.

Според полицијата, причината поради која што тие пристигнале на местото на настанот по 21 часот е тоа што пријавата за инцидентот била примена во 21:20 часот, а до тој момент во ОВР Прилеп не постоела претходна пријава од граѓани или сведоци за сомнително однесување или закани од страна на сторителот.

Милна и Панчо Чупаркоски, кои беа убиени на Петровден , беа погребани денеска на Старите градски гробишта во Прилеп.

Пишува МЕТА:ТУКА

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: