Болка во Прилеп- За својот убиен другар децата палеа свеќи во паркот во нас. “Вишне“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Децата, соученици, другари, фудбалски пријатели, голем број дојдоа да ја искажаат својата тага на начин само како што децата знаат да се изразат, искрено, со болка и во тишина. Се собраа денеска во паркот кај градинката во “Вишне” ,  ( каде што велат најчесто Милан го поминувал своето слободно време) да му оддадат почит, на 13-годишниот Милан Чупаркоски, чиј живот трагично згасна во текот на саботниот ден ( Петровден) , кога брутално, бездушно, безмилосно,  беше застрелан и усмртен, заедно со неговиот татко, од нивнен близок роднина.

фото: Маркукуле

Денеска, на денот на погребот, кога прилепчани со голема тага изразуваа почит кон двете убиени лица, со тага за младоста на Милан Чупаркоски и за загубата на прилепчанец, познат во светот на автомобилизмот и страста кон авантуристичкиот алтернативен туризам, Борче Чупаркоски, другарите на Милан, молчеа во тишината која изразува болка, во паркот ,кој секогаш беше исполет со гласен,детски џагор

Тие напишаа  “Почивај во мир, летај високо ангелу наш, ќе ни фалиш”,  во пораката пред која децата палеа свеќи за нивниот другар и неговиот татко.

 

Грозоморениот чин кои се случи во Прилеп (12.)7 2025 г)  ги потресе прилепчани и целата македонска јавност.

На 13.07.2025 во 01:20 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп во присуство на јавен обвинител бил извршен увид на ул.„Стеван Апостолоски “ во Прилеп при што од увидот констатирано било дека во куќа со приземје и кат со дворно место пред влезната врата како и во домот беа пронајдени чаури од огнено оружје , како и влезно излезни траги од проектили. Во ходникот на подот пронајдена била и една рачна бомба М93. Исто така на влезот од собата пронајден бил пиштол калибар 9 мм и пиштол калибар 7,65 мм , документи, парични средства како и договори за имот и останати документи.

На местото на настанот  докторот на Итна медицинска помош Прилеп констатирала смрт како последица од огнено оружје кај .Ѓ.П., кој се самоубил и кај  П.Ч и 13-годишениот малолетник, негов син.

Фотогрфиите преземени од порталот Маркукуле ТУКА

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: