Без возачка и во алкохолизирана состојба 47 годишен прилепчанец возел на експресениот пат Градско-Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На полноќ (на 14.07.2025) во 00.30 часот на експресен пат Градско-Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.С.(47) од Прилеп.

При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки. Кај прилепчанецот кој го управувал возилото, констатирано е дека е возел под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.88 промили алкохол во крвта, но и го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило.

Д.С. е задржан во полициска станица и известен е јавен обвинител, информираат од МВР.

По документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Дрворедите се обновуваат, но несовесните граѓани ги кршат за паркинг

Тековно врши замена на дрворедите,засадувајќи нови садници. Минатиот период биле засадени околу 150 зимзелени дрвца на повеќе локации во градот, итакна директорот на ЈКП Комуналец. “Засадивме на Могилата на непобедените, исто така и во кругот на капелата на старите градски гробишта.  Бидејќи прашањето беше дали ги заменуваме, да, тековно ги...

(ВИДЕО)Витаминка прва во прехранбениот сектор во Македонија воведува напреден ЕСГ систем на одржливост

Ретки се компаниите во Македонија кои воведуваат систем што вклучува взаемно поврзано работење за одржливост со сите засегнати страни за заштита на животната средина, грижа за вработените  и локалната заедница во која што работи. Витаминка е прва во Македонија за воведување на таканаречениот ЕСГ систем (enviromental, social, governance) согласно барањата...

Еко акција за почист Прилеп на која поканети се сите граѓани

Општина Прилеп во соработка со ЈКП „Комуналец“ на 15-ти ноември, в сабота, ќе ја организира еко акцијата „Еко мисија, твојот потпис за природата“, чија цел е подигање на јавнат за почитст Прилеп. Акцијата ќе опфати чистење на излетничките меса во околината на Прилеп, локации на јавни површини во градот и...