(ВИДЕО) ЧУДО! Пожарот “дојде„ до црквата Св. Петка и застана, наоколу се пеплоса, но не и ова место

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Божјо чудо во Дојран – пожарот дојде до црквата Св. Петка и застана, наоколу се пеплоса, но не и ова место! Како да постоела некоја невидлива линија,  преку која огнената стихија не смеела да помине. Моменти што не потсетуваат на важноста на верата и надежта  во најтешките моменти…

Заменик директорот на ЈП Национални шуми Кире Михалов ја пренесува неверјатната сторијата откако беше изгаснат големиот пожар што го зафати дојранското село Николиќ., ака што црквата останала целосна, неодпрена ниту нејзината околина, ниту таа. Околните ридови целосно се пеплосани, но само ова место останало недопрено, како што може да се види и од снимката.

Видеото нема да ве остави рамнодушни:

  „

Оние што не следат деновиве знаат дека овде нам, во Николиќ, ни се случи една буквално апокалиптична сцена од пожарот“, вели Михаилов на почетокот од видеото додавајќи дека просторот што го снима бил претежно со сува трева и дрвја кои лесно горат.

Тој притоа посочи дека огнот стигнал до самиот врв на ридот за многу кратко време, но и дека тука никој во тоа време на го гаснел.

Ова што го гледате пред мене е црквата Света Петка која е неколку стотици метри од селото Николиќ“, изјави тој потоа покажувајќи како огнот стигнал буквално до самата црква, воопшто не допирајќи го ова свето место. Од снимката јасно се гледа како да постои линија, до самите клупи, кои иако се дрвени, воопшто не се зафатени од огнот, а наоколу се е изгорено, целиот простор е пеплосан.

Ова се неколку стотина метри квадратни кои останаа нечепнати од пожарот кој навистина беше страшен“, вели Михаилов во снимката.

 

На снимката јасно се гледа дека православниот храм посветен на Света Петка е недопрен од огнот, како симбол на вера и надеж. Огнот целиот простор немилосрдно го зафатил, но црквата е останата недопрена, така што според многумина ова навистина е чудо. Тоа може да се види и од коментарите под самото видео, кое многумина поттикна да размислуваат за силата на духовноста и симболиката на светите места, па дури и кога се соочуваат со природни катастрофи.

Ваквите моменти потсетуваат и на важноста на верата и надежта кои ни даваат сила на сите во најтешките моменти.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: