ХУМАН ГЕСТ ОД САШКА КУЗМАНОВА – ИЗМАМИ НАСМЕВКИ ОД СЕДУМ ДЕВОЈКИ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Сашка Кузманова од Кавадарци – голем хуманитарец, со огромно срце и душа, денеска со љубов донираше 7 перики од природна коса на 7 девојки од Кочани, кои настрадаа во пожарот на 16 март.

Потребни се три недели трпеливост и труд да се изработи една таква перика, а Сашка сите седум ги донираше денеска на девојките во фризерското студио „Фешн“.

Покрај овој хуман чин, Сашка Кузманова, сопственик на „Инфинити Лајф Кс“ – Кавадарци, изработува перики и за онколошките пациенти – лицата што боледуваат од чумата на 21 век, која за жал зема сѐ поголем замав.

„Едноставно нема зборови со кои би се опишала таа насмевка кога ќе се стави периката“ – рече за „Радио Кочани“ и додаде:

„Се надевам дека овие девојки сега ќе имаат поголема самодоверба, а нивната насмевка што нѐ исполнува, денес ја добивме. На сите повредени им посакувам побрзо оздравување. Јас секогаш ќе бидам рамо до рамо со сите оние на кои им е потребна мојата помош.“

Ова е уште еден пример и показател како треба да се функционира и како треба да се однесуваме сите ние кога на некого навистина му е потребна мала помош, која за некого многу значи и ќе измами голема насмевка.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

По трет пат, целосно бесплатни курсеви по математика и информатика со ” Бистри умови”

Кочанското здружение БИСТРИ УМОВИ ја тресе цела Македонија Мајчинската љубов и талентот на својот син стануваат двигател на највпечатливата иницијатива што ја менува иднината на младите таленти во земјава Кога мајчинската љубов ќе се спои со упорност и верба во талентот на едно дете, тогаш започнува вистинска промена.   Така започна приказната на Анита Атанасова-Грчев

Инженерка со години го лажела системот за „Пулс“: Проектот за клубот бил фалсификат без елаборат за пожар – само ја менувала насловната страна, објави...

Обвинителниот акт за трагедијата во кочанскиот „Клуб Пулс“ открива шокантни детали за тоа како објектот со години работел врз основа на лажна и некомплетна документација, одобрена од обвинетата инженерка Милка Едровска и нејзината фирма „Венци Проект“. Наместо да ги почитува законските прописи за градба, Едровска се товари дека изготвила документ без клучни безбедносни елементи, а

„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, заврши „Маршот на ангелите“ во Скопје

„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“. Овој моќен повик го означи „Маршот за ангелите“ во Скопје – протестен марш во спомен на 63-те млади луѓе кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март оваа година.   Во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март