(ВИДЕО)Автопатoт Прилеп-Битола се гради на првите 10 км – градоначалниците на увид

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Делницата позната како коридор 10 д, автопатот Прилеп – Битола се гради со полна динамика на првите 10 км од вкупно 41 км колку што опфаќа Секција 4. Изведбата на овој патен правец започна во септември 2023 та. Паралелно се проектира, се врши експропријација и изградба на автопатот.

– Секцијата 4 опфаќа 10 мостови, 16 надвозници и 6 подвозници. Проектот вклучува повеќе од 5 милиони м3 ископ и речиси 4 милиони м3 насипен материјал. Во моментов имаме пристап за градежни активности на 10 км од вкупните 41 км со работни фронтови кои се шират кон Прилеп и кон Битола. Оваа патна делница по завршувањето, значително ќе го намали времето на патување и ќе обезбеди побезбеден и подобрен правец поврзувајќи ги семејствата и бизнисите во регионот и пошироко, поттикнувајќи туризам и инвестиции, рече Џошуа Бејкер, проектен менаџер на Бехтел и Енка.

Во работна посета на градилиштето и на работниот камп беа тројцата градоначалници од Прилеп, Битола и од општина Могила.

-Изградбата на оваа инфраструктура не е само од коридор 10, туку е од огромно  значење за напредокот во пелагонискиот регион со поврзување на Прилеп, Битола и сите соседни населени места со тоа што ќе им овозможиме побрз пристап на селата кон градовите. Исто така со реализирање на овој проект нашите потенцијални инвеститори кои што сакаат да инвестираат во пелагонискиот регион ќе имаат побрз и побезбеден во нашите индустриски зони,односно нашите градови, посочи прилепскиот градоначалник Јовчески апелирајќи на трпеливост до возачите, поради градежните активности на патната делница.

Со изградбата на ова автопатско решение Пелагонија има можност за забрзан развој, но и подобро поврзување со јужниот сосед Грција, потенцираше градоначалникот на Битола Коњаноски.

– Имавме можност да се увериме во работните активности на Секција 4 и да го посетиме работниот камп, каде што се одвиваат сите активности и каде што се сместени работниците. Тоа е респектабилна бројка на луѓе, тимови, опрема и механизација од кои можеме и ние нешто да научиме и да добиеме наши нови сознанија. Оваа делница, дел од коридорот 10 значи многу за развој на Пелагонија и воопшто за Македонија, една област која години била запоставувана, а сега има можност за исклучителен развој во делот на стопанството, економијата, туризмот, протокот на луѓе и стоки. Тука е на 15 тина км од Битола и Грција, нашиот европски сосед и ако на ова се надоврзе и она што ЈП за државни патишта го планира, некаде од клучката Могила, некаде 17 км нов спој со границата со Република Грција, тоа уште повеќе ја зголемува вредноста на овој автопат, ако на ова се надоврзе и делницата од автопатот Градско-Фариш, тоа е нова перспектива за регионот, огромен развој, останување на младите и на стопанството, проширување. Ја имаме индустриската зона Жабени, ТИРЗ Прилеп, нови можности за инвестиции, и онака интересот е зголемен во овие неколку години. Слушнавме дека експропријацијата со над 80 % напредна динамика е завршена. Имаме тука и археолошки наоѓалишта: 6 секции се тука, Завод и Музеј Битола е активен на терен за испитување на овие локалитети, рече битолскиот градоначалник Коњаноски.

Не само градовите, бенефит од проектот ќе имаат и руралните средини бидејќи во регионот гравитираат повеќе населени места.

– Ова е доста значаен проект за нашата Пелагонија вклучувајќи ја и Могила. Патувањето кое ќе скрати за Прилеп – Битола е едно од бенефитите, но морам да напоменам за Могила, на само 5 км од првата клучка има индустриска зона, која веќе 80% е распродадена, почнуваат да се развива самата зона, тоа е еден импакт за економскиот развој. Ние како мала рурална општина пред се нашето население се занимава со земјоделство и трговија, така што општина Могила од овој автопат ќе има доста бенефит – трговијата, патувањето и да напоменам се работи, има доста движење и на земјоделска механизација, апелирам до земјоделците и до оние кои патуваат со автомобили, камиони и автобуси, пред се безбедноста на прво место. За неколку години ќе ги заборавиме овие потешкотии за патување, тогаш ќе го жнееме  бенефитот сите три општини и Пелагонија, рече Саботкоски, градоначалник на општина Могила.

Според договорот изградбата на автопатот Прилеп-Битола треба да заврши до крајот на 2027 ма година.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: