Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го прими во официјална посета амбасадорот на Чешка во Македонија, Н. Е. Јарослав Лудва.

Амбасадорот се интересираше за состојбата по трагедијата и начините за справување со последиците од неа. Посебен интерес покажа за функционирањето на Доброволното противпожарно друштво и Територијалната противпожарна единица, за нивната опременост и екипираност.

Во разговорите беше истакната можноста за набавка на дронови за ДПД и ТППЕ, коишто ќе бидат презентирани од фирми од Чешка.

Крстевски соопшти дека добриот глас за кочанскиот ориз во дипломатските кругови, отвора можност за негова промоција и пласман на пазарот во Чешка.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Полагањето за возачка дозвола од Б категорија од овој месец поскапе за речиси 10.000 денари

Полагањето за возачка дозвола од Б категорија од овој месец поскапе за речиси 10.000 денари, што ги изненади и револтираше кандидатите.   Досега целата обука во авто-школите чинеше околу 24.000 денари, но сега цената се искачи на 34.000 денари. Дополнително, секој час на полигонот се наплатува 250 денари, што значи дека секој дополнителен час зад

Осветување на новите икони и дарување крст на Станчо Ристов во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани

Вчера во кочанскиот храм „Св. Вмч. Георгиј“ беше отслужена Света Архиерејска Литургија. Со богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, кој пред започнувањето на Литургијата изврши осветување на новиот фрескоживопис во олтарниот дел и во припратата на храмот. Осветени беа и иконите подарени од Рилскиот манастир – Бугарска Православна Црква, насликани од јеромонахот Павел.

По трет пат, целосно бесплатни курсеви по математика и информатика со ” Бистри умови”

Кочанското здружение БИСТРИ УМОВИ ја тресе цела Македонија Мајчинската љубов и талентот на својот син стануваат двигател на највпечатливата иницијатива што ја менува иднината на младите таленти во земјава Кога мајчинската љубов ќе се спои со упорност и верба во талентот на едно дете, тогаш започнува вистинска промена.   Така започна приказната на Анита Атанасова-Грчев