Пари за водоснабдување и енергетска ефикасност ќе им и за Прилеп преку владината финансиска поддршка

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Општина Прилеп со 14 проекти аплицира за владината финансиска поддршка, средства кои треба да бидат искористени за капитални проекти, за поддрша и развој. Од 140 проекти од општините, насочени кон заштита на животната средина за нови канализации, водоводи, пречистителни станици и енергетски ефикасни системи, Прилеп, во овој дел, понуди 6 проекти.

Ова го најави директорот на ЈКП Водовод и канализација Прилеп, Игор Гулабоски, посочувајќи дека од проектите насочени кон животната средина, канализациони мрежи, водоводи, пречистителни станици, мерки за енергетска ефикасност, зелени површини , 6 проекти се за Прилеп кои се насочени за ЈКП Водовод и Канализација. Дел се за подобрување на водоводната мрежа,  дел за енергетска ефикасност, наведе тој.

Еден од проектите е инвестирање во водоснабдителен систем во нас. место Селце, на потегот од излезот на Прилеп на патот кон манастирот Св Димитрија,  каде што од левата страна веќе се формира населба во вид на индустриска зона,  кому им е потребена подобра водоснабденост, а  со тоа ќе добие вода од “Студенчица“ и манастирот, бидејќи водоводниот систем ќе биде поврзан до овој правослевен објект. Со тоа за прв пат и манастирот ќе добие вода од „Студенчица“. А, вториот проект е за целосно водоснабдување на манастирот „Св Петка“ и  с. Лениште. Каптажата се наоѓа над самиот манастир во планинскиот предели и таа вода ќе врви низ село Лениште, ќе бидат поврзани активните куќи се до Леншки мост. Еден од проектите е наменет и за енергетска ефикасност, поставуавње  фотовотаци на пречистителна станица, што ќе овозможи енергетска штедливост на овој објект од витално значење за Прилеп. Сите 6 проекти се предвиден да започнат со реализација  оваа 2025 година. Во моментов очеуваме потпишување на договрите со надлежните министерства’ , вели Гулабоски

По кражбата, обновена водоводната мрежа до манастирот „Трескавец“ 

Што се однесува, пак до водоводната мрежа до манастирот Трескавец, кој требаше да биде пуштен во употреба во март,  Гулабоски потврди дека по настанатата гражба на почетокот на годината на дел од водоводнниот систем, локалната самоуправа во соработка со опшествено одговорни компании од Прилеп и ЈКП  ги набавиле потребните средства  и веќе водоводната мрежа до манастирот „Трескавец“ е веќе обновена, но до целосносто пуштање во употреба на мрежата во конаците на манастирот, претпријатијето немаат ингеренции, зашто тој комплексот е под заштита, во делот на културното наследство.

Имено, во февруари  непознати сторители ги украле каблите и дел од електрониката на новиот водовод од манастирот Трескавец  со што се одложи неговото пуштање. Кражбата беше проценета на 10 илијади евра. Крадците беа пронајдени и  веќе има судски процес против нив.

Инаку, водоводот за манастирот Трескавец со пречистителна станица се градеше со 100.000 евра,  обезбедени од ТАВ-програмата и со уште 3 милиона денари од буџетот на прилепската локална самоуправа. Најавите,тогаш, беа дека ќе биде готов до крајот на 2023 година.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

По кражбата, водоводот до манастирот „Трескавец“ вратен во првобитна состојба

По кражбата, водоводот до манастирот „Трескавец“ вратен во првобитната состојба Водоводот до манастирот Трескавец, кој требаше да биде пуштен во употреба во март,  е обновен. Директорот на ЈКП Водовод и Канализација – Прилеп, Игор Гулабоски посочи дека по настанатата гражба на почетокот на годината на дел од водоводниот систем, локалната...

Армијата се вклучи за справување со пожарите, во Владата ќе заседава кризниот штаб

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите. Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од  Владата. „Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман. Претседателката е во тек со состојбата...

Прилепскиот театар со претставата „Чиста куќа“ гостува на Вевчанско лето 2025

Театарот „Војдан Чернодрински“ при НУЦК „Марко Цепенков“ утревечер, 10.7.2025 г.,  ќе гостува во Вевчани, каде во рамките на Вевчанско Лето 2025,  во Домот на културата од 20.00 часот, ќе ја изведе претставата „Чиста куќа“, од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска. „Чиста куќа“, е последна премиера на театарот и...