(ВИДЕО)Прилепчани да не стравуваат – вода ќе има, но загрижуваат загубите од дури 56 %

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Нема простор за загриженост во Прилеп вода ќе има, но треба да се користи рационално и домаќински, посочи Игор Гулабоски, директор на ЈКП Водовод и канализација. Намалениот притисок во водоснабдувањето се должи на енормната потрошувачка на вода од 420 литри вода во секунда периодов најмногу во попладневните часови. Денеска од ЈКП Студенчица во прилепскиот водоснабдителен систем доаѓаат 290 л/сек , а од сопствени извори 20 л/сек, што тоа е доволно градот да се снабдува со вода.

– „Во периодов од последниве 10 дена се јави една аномалија – во повисоките делови, населба Точила на повисоките спратови, населба Рид да се намали притосокот или краткотрајно, најчесто помеѓу 18 и 22 часот, по половина час до максимално 2 часа без вода. Претходно што спомнав дека се троши 420 л/сек, притисоците ние како ЈКП Водовод не можеме да ги ускладиме само за тие неколку часа за 5 до 6 часа кога граѓаните трошат енормна количина на вода. Ние тоа го следиме преку воведениот СКАДА систем. Ние пред 4 дена работевме на овој проблем и денес го немаме, пренасочивме дел од водата од висока према ниска и обратно, но тоа не е практика и не е добро. При нормална потрошувачка на вода повторно треба да го вратиме системот како што се одвива потрошувачката во градот,“ вели Гулабоски. 

Наплатата се одвива со 95 %,  додека ЈКП Водовод и канализација е во загуба од 30 милиони денари по разни основи,  од кои 10 милиони кон ЈП Студенчица.  Вода ќе има, но загрижуваат загубите од дури 56 отсто заради диви приклучоци и дефекти.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: