Ладно, со амандмани, европратениците ги избришаа термините македонски јазик и македонски идентитет

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НЕ ПОСТОЈАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ Ладно, со амандмани, европратениците ги избришаа термините од Извештајот за Македонија.

Европратениците ги избришаа термините македонски јазик и идентитет од Извештајот за напредокот на Македонија што го изготви австрискиот европратеник Томас Вајц и во конечната верзија на документот, кој беше усвоен, не се споменува македонски јазик и македонски индентитет, исто како и во сите досегашни извештаи.

На денешната пленарна седница на ЕП се одржа само гласањето за амандманите и за усвојувањето на целиот извештај, откако синоќа заврши дискусијата меѓу европратениците.

Со мнозинство гласови беше усвоен заедничкиот амандман за бришење на македонскиот јазик, што го поднесоа европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“.

Амандманот се однесува на членот 3 од Извештајот, делот каде се вели: „европратениците го повикуваат Европскиот совет јавно и недвосмислено да сигнализира дека има намера брзо и безусловно да донесе позитивна одлука за преминување во следната фаза од преговорите за пристапување со Северна Македонија во ЕУ, откако ќе бидат исполнети условите од неговите заклучоци од 18 јули 2022 година, целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет…“.

Со денешното гласање, во овој пасус се избришани зборовите: „целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет“.

Веднаш по ова Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес конференција и меѓудругото рече: „ Драги пријатели од ЕУ,  ви благодраам на сите Вас кои ни помогнавте и ни помагате, кој сеуште верувате во нас и во нашите вредности како дел од европското семејство. Нема да ве разочараме!  Ќе работиме заедно со Вас на реформи, на развој ќе се обидуваме да ја доближеме земјата до ЕУ. Тоа е новиот пат кој го отвараме, по принципиелни и вредносни основи. Затоа што членството на мојата татковина не е само цел, тоа е и наша потреба, но и заедничка потрева. Ние посветено ќе работиме со сите наши европски пријатели, да опстоиме на европскиот пат и да не дозволиме различни структури кои не и’ сакаат добро на мојата земја да успеат во своите замисли. Оваа борба е и ќе биде тешка„,рече премиерот, Мицкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: