Владата одобри 20 лица од Кочани да бидат ангажирани во превенција од пожари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од побараните 23 лица во апликацијата што ја поднесе Општина Кочани во врска со активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), Владата одобри ангажирање на 20 пожарникари.

Наредниов период ќе започне постапката за ангажирање на лицата со распишување на јавен повик до невработени лица – активни баратели на работа.

Потребата од дополнителен број пожарникари дојде до израз и на неодамнешниот пожар во Кочани што се случи во месноста Пресечена Скала

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Конституира новиот Совет на Чешиново-Облешево – Димишков на чело

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција. По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за...

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка

Амфенол вработува Сетери – КЕ DataWiring

ОГЛАС   Моментално имаме потреба од 3 (три) ново вработени лица за работно место   Сетер – КЕ DataWiring   Одговорности и задачи: Поправка и одржување на машините во производсво Инсталација на нови машини и опрема (доколку има потреба) Користење на техничка документација за опремата и водење на грижа за истата Извршување на превентивни активности