Жителите на Мало Коњари и Кадино село да пријават штети од невремето на 27 јуни

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Општина Прилеп ги известува жителите на селата Мало Коњари и Кадино село да пријават штети настанати на земјоделските посеви и насади од невремето од пороен дожд, ветер и град кое на 27 јуни ги зафати атарите на овие две села:

Се информираат сите жители од населените места Кадино село  и с. Мало Коњари во Општина Прилеп, дека Советот на Општина Прилеп на 63-та  седница на Совет ќе формира стручна комисија за проценка на штетите од природната непогода врз земјоделските култури. Комисијата по доставените барања ќе излезе на терен за да ја утврди висината на штетата, ќе изготви Извештај и Елаборат за вкупните и поединечните штети, кои Извештаи со одлука на Советот на Општина Прилеп се доставуваат до комисија која што ја формира Владата за понатамошна постапка. Ги информираме жителите од населените места Кадино село  и с. Мало Коњари во Општина Прилеп, дека од денес 08.07.2025 година до 11.07.2025 година, секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот, во приемното одделение на Општина Прилеп на ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1. можат да ја достават следната потребна документација за утврдување на настанатата штета:

1.Барање (се подига од приемното одделение или се презема од веб

страната на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/

2.Соодветен документ со кој се докажува владение или сопственост

(имотен лист, договор за закуп, изјава од двајца сведоци заверена на нотар

дека ја работи нивата и сл.)

Копија од лична карта
Копија од трансакциона сметка
Контакт телефон

КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА ОД НАСТАНАТАТА НЕПОГОДА Е ПЕТОК, 11.07.2025 година.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: