Извинете само да прашам? – се почесто на репертоарот на човечката мутавост

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Што може да расипи  едно обично , убаво утро исполнето со ентузијазам за работа и дневна еуфорија?

Сигурно нешто што те дрзнува да забележиш со  око , да изреагираш во себе и потоа сета таа жилавост за да го зграпчиш денот да биде упропастена заради човечката нетрпеливост , односно зборовите „извинете само да прашам?”

Ретроспективно , пред наша прилепска реномирана бурекџилница , редица за поручек.Напред три-четири бабички , едната под рака со внучето , зад нив човек со пони точак , па уште еден пред мене , сите трпеливи во редицата.За момент таа народна тишина ја нарушува личност која во забрзана ситуација, со силно стегнат андорид и веројатно што побрзо да го покаже својот некултурен однос , без респект кон сите тука присутни , без разлика на годините , доаѓа до шалтерот со зборовите , „извинете може нешто да прашам”.Ај тоа што дојде од нигде никаде добро  , ама веднаш побара и услуга за тоа што праша? „Може да ми завиткате две мекици?

Добро нели сите ние сме луѓе?

Од некоја човечка куртоазија , редот си е ред, без разлика кои сме и што сме ?Сите чекаме за леб?

Ама оваа дрскост за жал е наше секојдневие.Кога сакаме едноставно со „мутавост” да постигнеме нешто.Како некој израсток под кожа , ако се може зошто да не?

И….кога се чека за храна, за сметки , во маркет , на болница , за лична карта, во градски автробус…велат попаметните попуштаат.Ама да помислиш дека „ако прашам ќе завршам  работа побрзо”, дека си попаметен од другите ? Ете тоа е поразително за сите во редицата.

„Гледај му го умот , види му го разумот” ….денеска овде …друг пат таму …секаде каде поминува “извинете само да прашам нешто” а другите ќе почекаат …каде ќе оди тaa со внучето , што ќе прави  бабава тоа и е работа да чека….едно навистина нечовечно размислување кое преминува во користољубие на човечката интелегенција.

Не може по примеров, една госпоѓа во години да девалвира човечко битие заради нејзиното „брзо и босо чекорење” во животот,поточно ке ти преѕвонам само да прашам овде.Не може истата таа да ужива во своите мекици и разговорот со пријателката за тоа како нејзината друга пријателка е облечена и како колешката од работа заборавила да облечи „мидер”, а овие другиве во редицава што дремат ?

Па нели покрај сите животни турболенции имаме ли малку осет ? Или како се вика тоа по прилепски “уште че се прајте на будали?”.

Во цела една ваква ситуација во која се тркаме без пардон кон другите ќе испадне како во вицот каде на крајот од редицата  пред банкомат се појавува еден иста ваква личност која сака да праша нешто а незнае дека се чека ред за на банкомат.

Констатацијата е едноставна и јасна, ние си го креираме редот и не треба да дозволиме “се да биде преку ред” …..имајте барем  малку респект  кон околината , за момент, и не се прајте на „мутави” нема да ви врви тоа цел живот!

 

 

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Љубење со стихови – поезија , дружење , моменти за незаборав

Поетско љубовниот перформанс кој вечерва повторно го покажа својот раскош пред прилепчани , „Љубење со стихови” повторно ја имаше својата магична вечер.Една несекојдневна,посебна поетска галаксија  која едноставно те тера да не ги штедиш дланките а претходно да уживаш во стиховите кои на свој препознатолив начин пред присутните ги презентираа ,...

Дрворедите се обновуваат, но несовесните граѓани ги кршат за паркинг

Тековно врши замена на дрворедите,засадувајќи нови садници. Минатиот период биле засадени околу 150 зимзелени дрвца на повеќе локации во градот, итакна директорот на ЈКП Комуналец. “Засадивме на Могилата на непобедените, исто така и во кругот на капелата на старите градски гробишта.  Бидејќи прашањето беше дали ги заменуваме, да, тековно ги...

(ВИДЕО)Витаминка прва во прехранбениот сектор во Македонија воведува напреден ЕСГ систем на одржливост

Ретки се компаниите во Македонија кои воведуваат систем што вклучува взаемно поврзано работење за одржливост со сите засегнати страни за заштита на животната средина, грижа за вработените  и локалната заедница во која што работи. Витаминка е прва во Македонија за воведување на таканаречениот ЕСГ систем (enviromental, social, governance) согласно барањата...