Мицкоски: 38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Станува збор за полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години не биле запалени. Ја видовте демонстрацијата, видовте како денес сето тоа изгледа и можам да кажам дека многу поподготвени ја пречекуваме сезоната на пожари којашто очекуваме да се случи многу скоро, односно таа е веќе во тек, веќе се појавуваат одредени пожари на одредени делови од територијата на државата.

Благодарност до сите коишто учествува во оваа активност почнувајќи од потпретседателот на Владата Димовски, министрите Мисајловски, Тошковски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на Неготино Горан Стојанов, директорот на Агенцијата за заштита и спасување Ангелов, на сите, буквално на сите коишто земаа учество во оваа процедура, во оваа пренамена на овие полициски и армиски возила коишто ќе повторам беа повеќе од осум години запуштени, незапалена.

На овој начин можам да кажам дека државата заштедува неколку десетици милиони евра. Неколку десетици милиони евра е заштедата, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени. Патем можам да кажам дека оваа недела треба да стигне од сервис и вториот авион којшто беше на сервис, третиот го очекуваме да дојде некаде до крајот на месецот или почетокот на август. По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени за справување доколку има пожари и огнена стихија, така што кога би се споредило со минатото навистина не можеме да правиме споредба оваа година.

Исто така во функција и забраната без дозвола за движење во шумски предели и на планините. Така што кога сето ова ќе се заокружи можам да кажам дека многу, многу поподготвени сме од кога било во минатото да се справиме доколку има такви предизвици, се разбира.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИТНО И ПОВОЛНО СЕ ПРОДАВААТ МАШИНИ СОЧУВАНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ…

Се продаваат индустриски машини за шиење: Ибердек и опшиварки. Машините се добро сочувани и функционални. Цена по договор! Информации на:   077/ 624 – 181

Конституира новиот Совет на Чешиново-Облешево – Димишков на чело

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција. По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за...

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка