Им се поклони на жртвите во Кочани: Кое е момчето кое нè направи горди…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Никола Станишиќ од Скопје победи на регионалното натпреварување „Ѕвездие на Гранд“. Никола победи со 138 714 000 гласови, а на крај ја запеа „Бисер балкански“ и со македонско знаме ги натера сите да пеат!

Никола скоро во целиот тек на натреварувањето пееше македонски песни, а во третиот круг од финалето настапи маичка со амблем од „Македонија тагува“ и „ Од срце за Кочани“ и го испеа хитот на Д.Н.К. „Ако утре ме нема“. Овој емотивен настап на Никола ја расплака цела Македонија, а тој на крајот од настапот го соблече палтото, ја стави раката на срце и им се поклони на жртвите од несреќата во Кочани.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Сладолед, кафе и смути на едно место: „Пингу“ започна со работа во Кочани

Денеска во Кочани беше отворено ново слатко катче „Пингу“, лоцирано на улицата „Димитар Влахов“ во населбата Стришани, веднаш до крушниот тек. Просториите беа отворени со благослов од храмот „Св. ВМЧ Георгиј“. „Пингу“ е првото и единствено слатко катче од ваков вид во Кочани и нуди богата и разновидна понуда од секаков вид кафе, смути, сладолед,

Пожар во помошен објект на улицата „Јане Сандански“ во Кочани

Утринава, нешто по 8 часот, избувна пожар во помошен објект на улицата „Јане Сандански“ во Кочани. Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека пријавата за пожарот ја добиле во 08:45 часот. На терен интервенирале две противпожарни возила и четворица пожарникари, кои со брза интервенција спречиле огнот да се прошири и да зафати соседна куќа.

Маж од Виница од лажен профил испраќал експлицитни фотографии на малолетничка

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2025 година пријавениот, користејќи лажен профил на социјална мрежа, испраќал пораки со недозволена содржина, вклучително и експлицитни фотографии и видеоснимки, на профил на малолетничка.   По