Кај Бешиште, мариовско сеуште гори квалитетна мешана шума

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пожарот кој што започна на 28 јуни сеуште е активен кај селото Бешиште, мариовско. Приземен пожар гори квалитетна мешана шума, известуваат од Центарот за управување со кризи во врска со состојбата со пожарите до 13 часот 05.07.2025.

Покрај овој пожар денеска активни се уште три:

Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки;
Општина Чашка – шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел)
Општина Велес – пожар во ниска вегетација
 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Само две жени официјално кандидирани за градоначалник на Општина Прилеп

Засега, официјално во трката за градоналничката функција за Прилеп за претстојните Локални избори 2025, во ОКИ – Прилеп, својата кандидатура ја пријавија две жени – едната од СДСМ, Петра Лукароска, а другата како независен кандидат, Павлинче Матеска. Додека Лукароска повеќе од еден месец (кандидатурата објавена на 18 јули 2025 година)...

(Видео) Сеуште активен пожарот кај Плетвар меѓу селата Беловодица и Лениште

Изминатото деноноќие на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од 27 пожари, осум се сеуште активни, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни  пожари на отворено има и на територија на општините Прилеп и Долнени. Огнената стихија која веќе трет ден беснее помеѓу селата Беловодица...

Прилепско активни два пожари, во Јасен ветрот ја влошува состојбата

Според информациите од Центарот за управување со кризи денеска, 21 ви август, до 18 часот на територијата на Македонија  има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, 1 под контрола и 12 изгаснати. Од седумте активни два се во прилепско: с. Беловодица – место викано Ливада...