(ВИДЕО) Трипуновски: 12 денари – откупна цена на пченицата за реколта 2025

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Позната е откупната цена на пченицата од годинешната реколта. По денешниот состанок со мелничарите министерот Трипуновски информираше на социјалната мрежа ФБ дека е постигнат договор за откупна цена од 12 денари за прва и втора класа, плус дополнителните трошоци:

Постигнат договор за откупот на лебното жито од реколтата 2025:
Пченицата од прва и втора категорија ќе се откупува во прва категорија;
Откупна нето цена: 12 денари + дополнителни трошоци;
Зголемена цена во споредба со минатата година.
Овој договор е резултат на интензивни состаноци со потсекторската група, земјоделски здруженија и претставници од мелничко-пекарската индустрија.
Министерството и Владата се посветени на тоа трудот на македонскиот земјоделец да биде соодветно вреднуван. Нашата цел е да стигнеме до ниво на производство кое ќе ги задоволи целосно домашните потреби.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: