Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и за Онкологија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се завршени вештачењата за предметите поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и за Онкологија. Тој ја повтори својата оценка во однос на буџетот на Јавното обвинителство изенесена во неговото обраќање на вчерашното продолжение на седницата на собрансиката Комисија за финансирање и буџет на која се расправа за ребалансот на Буџетот, дека вештачењата за Онкологија и за случајот за трагедијата во Кочани се мошне голем финансиски товар за обвинителството, бидејќи се работени во друга држава.

– Сите оние вештачења кои се однесуваат за Кочани и кои се однесуваат за Онкологија веќе се изработени. Колку што имам информации за предметот Онкологија веќе е закажана главна расправа. Меѓутоа тие вештачења имаат одредени трошоци коишто се да речам вонредени трошоци имајќи во предвид дека се многу скапи со оглед дека се работи за вештачење во друга држава – рече Коцевски.

Во однос на предметот за трегедијата во Кочани, кој со одлука на Врховен беше доставен на оценка до Кривичниот суд во Скопје, тој кажа дека сѐ уште се очекува оценка на обвинителниот акт, како и дека се размислува од страна на Републичкото обвинителство да се одлучи и по однос на надлежноста дали да остане ЈО Кочани или да се делегира на ЈО Скопје, со оглед за постапување по евентуалните жалби.

– Очекуваме обвинителниот акт да стапи на сила. Судот ќе изврши оценка на истиот, со тоа што сега од наша страна размислуваме дали ЈО треба да делегира друго ЈО имајќи предвид дека Врховниот суд одлучи дека ќе биде надлежен Основниот кривичен суд Скопје, со тоа што проблем, ако нема делегирање, ќе биде по жалби кој ќе одлучува, дали предметот ќе се доставува до Апелациониот суд Скопје, што и така треба, меѓутоа дали мислење ќе дава Вишото ЈО Скопје или Вишото ЈО Штип. Тоа останува на ЈО, односно на мене како Државен јавен обвинител да одлучам во однос на делегирањето на ЈО – рече Коцевски.

Засега, Коцевски рече, дека Судот сѐ уште нема закажано ден за испитување на обвинителниот акт и дека, засега се уште е надлежно ЈО во Кочани, и предметот од Кочани е доставен до Основниот Кривичен Суд Скопје.

За предметот во Обвинителството за организиран криминал и корупција околу полициските службеници, тој кажа дека предметот е се уште во истрага, и очекува некаде околу септември годинава таа да заврши.

– Таму предметот е се уште во истрага, со оглед дека нема притвор, има и законски рок за истрагата. Така да, се надеваме негде таму околу, да не дадам сега конкретни датуми, меѓутоа сигурно околу септември ќе се заврши истрагата, и тој предмет ќе се води во ОЈО за организиран криминал, со оглед дека тука нема проблем, надлежно ќе биде Кривичниот основен суд Скопје – рече Коцевски.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Сладолед, кафе и смути на едно место: „Пингу“ започна со работа во Кочани

Денеска во Кочани беше отворено ново слатко катче „Пингу“, лоцирано на улицата „Димитар Влахов“ во населбата Стришани, веднаш до крушниот тек. Просториите беа отворени со благослов од храмот „Св. ВМЧ Георгиј“. „Пингу“ е првото и единствено слатко катче од ваков вид во Кочани и нуди богата и разновидна понуда од секаков вид кафе, смути, сладолед,

Пожар во помошен објект на улицата „Јане Сандански“ во Кочани

Утринава, нешто по 8 часот, избувна пожар во помошен објект на улицата „Јане Сандански“ во Кочани. Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека пријавата за пожарот ја добиле во 08:45 часот. На терен интервенирале две противпожарни возила и четворица пожарникари, кои со брза интервенција спречиле огнот да се прошири и да зафати соседна куќа.

Маж од Виница од лажен профил испраќал експлицитни фотографии на малолетничка

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2025 година пријавениот, користејќи лажен профил на социјална мрежа, испраќал пораки со недозволена содржина, вклучително и експлицитни фотографии и видеоснимки, на профил на малолетничка.   По