Прилеп ќе настапи на Кавадаречки фолклорни средби кои ќе се одржат од 3 до 5 јули во Кавадарци.
На оваа меѓународна културна манифестација ќе настапат фолклорни друштва од Македонија, Србија, Литванија, Турција и Мексико.
Културно уметничко друштво „Мирче Ацев” е основано далечната 1947 година во Прилеп и е интерпретатор на традиционални народни игри и песни од сите краеви на Македонија.
Младите играорци и играорки со силен ентузијазам и голема љубов кон народните игри, песни и носии, автентично ги интерпретираат на сцената обичаите од историското минато на македонскиот народ.
Во своето долгогодишно постоење КУД „Мирче Ацев” досега гостувало на скоро сите континенти, достојно презентирајќи го македонскиот фолклор исто така освојувајќи голем број на награди и признанија.
КУД “Мирче Ацев” во 2007 година ја имаше честа да настапи на познатата културна манифестација „Галичка свадба” и да се претстави со бисерите на македонскиот фолклор „Тешкото“ и „Невестинското“ пред повеќе илјадната публика во Галичник.