Намерно бил подметнат пожарот на плацот во Кочани каде изгореа три автобуси и комбе

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Пожарот во Кочани што се случи на почетокот на неделава кога на плац во близина на бензинска пумпа „Авто Петрол“ во населбата Оризари, бил намерно подметнат, велат од Јавното обвинителство за „Слободен печат“.

Обвинителството отворило постапка, се прибираат материјали за да се утврди кривична одговорност за пожарот.

– Извршен е увид на лице место од страна на полициски екипи, прибрани се материјални докази. Од снимките од видеонадзорот се гледа дека пожарот бил намерно подметнат. Се преземаат мерки за идентификација на сторителот, се прават вештачење за да се утврди кривичната одговорност за подметнувањето на пожарот – велат од Обвинителството.

Големиот пожар избувна ноќта меѓу 30 јуни и 1 јули околу 2.30 часот на плац веднаш до бензинската пумпа и целосно изгореа три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма, превозник од Кочани.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за среќа немаше повредени лица, иако пожарот се развил во непосредна близина на пумпата.

– Навремена интервенција ја спречи трагедијата – информираа од МВР. Пожарот бил локализиран и изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Штип.

Жителите сведочеа дека се слушале пукање и експлозии и паника да не се прошири пожарот до бензинската пумпа.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИТНО И ПОВОЛНО СЕ ПРОДАВААТ МАШИНИ СОЧУВАНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ…

Се продаваат индустриски машини за шиење: Ибердек и опшиварки. Машините се добро сочувани и функционални. Цена по договор! Информации на:   077/ 624 – 181

Конституира новиот Совет на Чешиново-Облешево – Димишков на чело

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција. По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за...

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка