Прилепско Поле: Решен проблемот со дефектот на хидросистемот – вода за наводнување на Левата падина има

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

АД Водостопанство-подружница Прилепско Поле, преку соопштение информираа дека го отстраниле дефектото на хидросистемот во делот кој што ја опфаќа Лева падина на прилепско поле и која речиси, повеќе од еден месец, беше не функционална. Во соопштението се вели:

АД Водостопанство-подружница Прилепско Поле, ги известува сите водокорисници кои што се приклучени на мрежата на хидросистемот во делот кој што го опфаќа Лева падина, дека на 27.06.2025 година е отстранет дефектот на цевководот Ф 700 мм и е воспоставено нормално водоснабдување,информираат од  АД Водостоанство -поддружница Прилепско Поле. 

Повеќе од еден месец, во екотна тутунопроизводството целата лева падина од прилепскиот хидросистем не функционираше поради голем дефект на главната цевка Ф 700 .Цевкат стара повеќе од 50 години, не го издржала притисокот уште на стартот од сезоната за наводнување, пролетта. Земјоделците велат дека штетите се огромни бидејќи тутунот кој што бил веќе расаден е исушен на нива ,а  оној  што преживеал тешко тека ќе го има очекуваниот квалитет и сметаат дека годинашнат реколта е уништена.

Екипа од АД Водостопанство неколку пати  беа на терен и работеа на решавање на проблемот. И,тие потврдија дека цевките се дотраени, бидејќи се стари повеќе од 50 години и денеска е многу тешко да се најдат соодветни делови за нив. Новиот директор на прилепската подружница на АД Водостопанство, Зоран Тодороски,тогаш  во телефонски разговор за Радио Пела  велеше дека заменет е делот- спојката на главната цевка и извршено е пробното пуштање со помал притисок, но повторно настана проблем,така што до петокот тутнарите и градинарите од прилепско беа без водоснабдување и беа принудени до буриња да го носат вода за новаднување.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: