Прилеп одбележана 104 година од погибијата на Ѓорче Петров

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска во Прилеп се одбележаа 104 година од убиството на идеологот на македонската револуционерна борба, Ѓорче Петров.

Со пиетет кон ликот и делото на револуционерот, се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на Ѓорче Петров, во центарот на градот, делегации од Општина Прилеп, претставници на Советот на општина Прилеп, од Средното општинско училиште кое го носи неговото име, преставници од Сојузот на борци – Прилеп и нн политички парти.

Ѓорче Петров е симбол на македонскиот непокор, на битката и заложбата за зачувување на македонскиот идентитет, во интерес на вистината, македонската држава и македонскиот народ.

Ѓорче Петров, (неговото целосно име е Георги Петров Николов) бил професор, публицист, историчар, идеолог на: Македонската револуционерна организација. Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип. Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО. Член на Централен комитет на МРО. Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија(1897–1901). Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес.


Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Серез, Битола и Драма. Член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција. Ѓорче Петров бил убиен на 21 јуни 1921 година во Софија, Бугарија.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...