Газдата на „Пулс“ платил глоба за да не му ја блокираат жиро-сметката, а му било пломбирано кафулето во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што му ја изрекла Управата за јавни приходи откако биле констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била блокирана жиро сметката, а запечатен бил другиот негов кафе бар „Класик“ во центарот на Кочани, тврди директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова за инспекциите во дискотеката во Кочани во која загинаа 62 лица.

-Во дискотеката „Пулс“ се спроведувани контроли од страна на УЈП и се применети мерките согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Значи, тие мерки предвидуваат дека при прва контрола во којашто ќе бидат утврдени неправилности се изрекува глоба, доколку глобата е неплатена се преминува кон привремена забрана за вршење на дејност којашто трае, согласно Законот, 30 дена. При втора контрола во рок од две години се преминува директно кон мерката привремено забрана за вршење на дејност којашто трае 30 дена. Овие законски норми се применети и при контролата во оваа дискотека. После првата контрола платена е глобата – рече Петрова.

Ова беше одговор на новинарски прашања за повикот на родителите на загинатите кои на протестите излегоа со низа прашања и до УЈП.

– Ако блокадата била заведена на 16 август 2024 година, тоа значи дека веќе до крајот на септември Управата требало да постапи, а клубот „Пулс“ требало да биде затворен. Сепак, тој продолжил да работи и 62 животи беа изгубени и тоа не се технички грешки туку системски прашања до истражителите во Јавното обвинителство. Дали е точно дека Управата за јавни приходи не постапила по своја законска обврска, кој бил надлежен да го поднесе барањето за стечај и зошто тоа не било направено? Дали некогаш даночен инспектор низ годините направил каква било контрола во објектот, освен онаа која се споменува во декември 2024 година и дали инспекторката за економски криминал од МВР ги има проверено сите овие нерегуларности – прашаа родителите пред Јавното обвинителство.

Извор: Слободен Печат

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од

За борачот Ангелов – спртската стипендија од Општината

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост