ОК на ВМРО – ДПМНЕ – Прилеп со реакција на излагањето на општинските социјалдемократи, велат:„Македонија чекори напред!“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп реагираше на објавните од прес конференција на ОО СДСМ Прилеп.Тие во реакцијата вела:

ВМРО-ДПМНЕ поставува темели на иднина изградена врз човечност, почит, ред и достоинство – зборови што се непознати за криминалците од СДС кои многу бргу ќе соочат со лицето на правдата. Денес Македонија е држава на економски раст, нови инвестиции, обнова, градежна офанзива, вистински реформи и подобрен животен стандард – за сите граѓани. Додека СДС тоне во паника и безидејност, со памфлети што никој не ги чита и со обвинувања во кои ни самите не веруваат, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно, посветено и чекор по чекор, ја враќа Македонија на вистинскиот пат. За СДС се непознатица работа и отчет за сработено. Не можат да се помират со синоќешната трибина во Прилеп – моќна, полна со народ, полна со енергија, со јасна порака: Македонија чекори напред! И наместо со идеи, СДС одговара со срамен прес – празен како редовите во нивната партија. Граѓаните знаат: по 7 години катастрофално владеење од СДС, ВМРО-ДПМНЕ не започна од нула, туку од минус. Затекнавме хаос, институционална пустош и распаднати темели. Затоа првата година, под водство на премиерот Христијан Мицкоски, ја посветивме на стабилизација – враќање на редот, економска консолидација, безбедност, доверба и правда. Додека тие шират лаги, ние работиме. Додека тие фантазираат, ние градиме. Додека тие мразат, ние обединувааме. СДС е партија која од ден во ден си го убрзува слободниот пад. Со убедливо најнизок рејтинг од своето постоење. Соочени со порази, изолирани од народот, неспособни за визија, неспособни за одговорност, неспособни дури и за пристоен срам. Македонија со ВМРО-ДПМНЕ оди напред и нема застанување! Доаѓаат подобри времиња за сите граѓани!-се вели во реакцијата на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Прилеп

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...