(ВИДЕО)Пиво Фестивал 2025 – тридневна забава со вкус на пиво, скара зачинета со хумор

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп брои ситно – на помалку од месец дена е уште едно издание на Фестивалот кој што е синоним за градот, манифестација која со децении претставува предизвик за вљубениците на добра забава, атрактивни изведувачи – естрадни ѕвезди од Македонија и Балканот. Пиво Фестивалот годинава ќе се реализира од 18 ти до 20 ти јули, традиционално викендот по големиот православен празник Петровден. Се прават последните подготовки околу организацијата, посочи градоначалникот Борче Јовчески.

-Прилеп повторно ќе пулсира во ритамот на музиката, добрата енергија и долгата фестивалска традиција! Очекуваме десетици илјади посетители од целата држава и регионот, кои ќе уживаат во тридневната програма! Општина Прилеп, како традиционален поддржувач и домаќин на фестивалот, и оваа година преку Програмата за култура обезбеди поддршка од 1 милион денари, со што ја потврдуваме нашата заложба за поддршка на големите манифестации кои го збогатуваат културниот и туристичкиот живот на градот. Во координација со организаторите, веќе се работи на финалните подготовки. Јавните комунални претпријатија се целосно подготвени за хигиената, логистиката, паркингот и безбедноста – затоа што Прилеп знае како да биде одличен домаќин, рече градоначалникот Јовчески на денешната прес конференција. 

Организатор на годинешното издание на Пиво Фестивалот е Vibe Event (Вајб Евент) Продукцијата од Скопје. Водител на манифестацијата ќе биде познатиот комичар Бојан Велевски, кој како што рече ќе се погрижи сите три фестивалски вечери да ги „зачини“ и со хумор.

– Програмата ќе започнува од 19 часот , се погриживме годинава покрај официјалната програма за време на фестивалските вечери да има дополнителна забава со познати диџеи на камената бина до раните утрински часови. Со свои штандови ќе се претстават 6 пивари со над 20 вкусови на пиво од Македонија и од странство. Скарата и пивото ќе биде присутна на 10 до 15 штандови, посочи Бојан Велевски од Вајб Евент Продукција. 

Инаку вкупната финансиска конструкција за реализација на Пиво Фестивалот 2025 изнесува 100 илјади евра или околу 6 милиони денари, од кои 1 милион денари е обезбеден од општинскиот буџет како дел од средствата наменети за култура во општината.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...